28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОгнен Оровчанец реизбран за претседател на Агро-бизнис комората во ССК

Огнен Оровчанец реизбран за претседател на Агро-бизнис комората во ССК

orovcanec3354

Огнен Оровчанец денеска, на редовното годишно собрание, е едногласно реизбран за претседател на Агро-бизнис комората при Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК).

Оровчанец е сопственик на компанијата „Агроунија“ и претседател на Агро- бизнис комората од 2012 година. Мандатот кој му го доверија компаниите членки за следните две години.

„Довербата и одговорноста која ми ја доверија колегите ме поттикнува со засилено темпо да ја водам Агро-бизнис комората. Продолжуваме да работиме на развивање на сите земјоделски гранки. Континуирано ќе учествуваме во подготовка на законските решенија од областа на земјоделство и ќе алармираме на одредени проблематики во насока на непречен аграрен развој“, изјави Оровчанец.

Според него, во изминатиот период барањата на компаниите адресирани до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во голем дел биле прифатени.

На годишното собрание, за заменик-претседател на Агро-бизнис комората е избран Горан Ѓорѓиевски, генерален менаџер на „Специјал Продукт“, а беа изгласани и членови на управниот и надзорниот одбор на Комората.

Во Агро-бизнис коморта при ССК членуваат етаблирани компании од сите сектори од агро- бизнисот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП