29 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомерцијална банка во акција за Денот на гладот

Комерцијална банка во акција за Денот на гладот

kb-akcija

Вработените во Комерцијална банка АД Скопје во соработка со Македонска платформа против сиромаштија, во која членуваат 91 невладина организација, доставија донација во храна до поголем број социјално загрозени семејства.

Во акцијата за донирање храна што ја спроведоа вработените од Комерцијална банка АД Скопје, во Скопје и низ земјава, беа собрани голем број пакети со храна. Донацијата на Комерцијална банка ќе ја добијат поголем број социјално загрозени семејства со различна националност, и тоа од Скопје, Берово, Ресен, Струмица, Велес, Битола, Делчево и други. Дел од семејствата се приматели на социјална помош, но на дел од семејствата социјалната помош им е укината поради ненавремено поднесување на документи, поради немање пари.

Сите членови на семејствата се невработени, со по најмалку 5 члена во семејствата, живеат во недостоинствени услови за живот без вода, без струја, а децата не им се вклучени во образовниот систем.

Слични активности беа спроведени од вработените во филијалитеи експозитурите низ земјава, при што донациите во храна беа предадени на организациите на Црвен крст на РМ, Центрите за социјална работа, народните кујни и организациите на жени, за да биде поделена на оние на кои им е најпотребна.

Вработените во Комерцијална банка АД Скопје повеќе години наназад со вакви и слични акции го негуваат чувството на солидарност и им даваат подршка на реанливите групи граѓани во остварување на нивните права за достоинствен живот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП