17 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАОгнен Оровчанец – реизбран за претседател на Агро-бизнис комората во ССК

Огнен Оровчанец – реизбран за претседател на Агро-бизнис комората во ССК

ogi

На редовното годишно собрание на Агро- бизнис комората во рамките на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), едногласно од страна на компаниите членови е избран г. Огнен Оровчанец, за претседател на Агро-бизнис комората при ССК. Оровчанец е сопственик на компанијата „Агроунија“ и претседател на Агро бизнис комората од 2012 година. Мандатот кој му го доверија компаниите членови на оваа комора е за следните две години.

Довербата и одговорноста која ми ја доверија колегите ме поттикнува со засилено темпо да ја водам Агро-бизнис комората во рамките на ССК. Во следниот период продолжуваме секторски да работиме на развивање на сите земјоделски гранки. Континуирано ќе учествуваме во подготовка на Законските решенија од областа на земјоделство и ќе алармираме на одредени проблематики во насока на непречен развој на земјоделството во Република Македонија. Во изминатиот период нашите барања адресирани до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во голем дел беа прифатени“, изјави Оровчанец.

На годишното собрание, заменик претседател на Агро – бизнис комората е избран г. Горан Ѓорѓиевски, генерален менаџер на „Специјал Продукт“, а беа избрани и членови на управен и надзорен одбор на Агро-бизнис комората. Во рамките на Агро бизнис коморта при ССК, членуваат етаблирани компании од сите сектори од агро-бизнисот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП