8 декември, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРаст на приходите на Roche

Раст на приходите на Roche

BN-FA428_roche1_G_20141015124623

Швајцарскиот фармацевтски гигант „Roche“ ги потврди своите цели за тековната година по резултатите во третиот квартал.

Резултатите се подобри од очекуваните благoдарение на новите лекови против рак на дојка.

Овој светски лидер во областа на онкологијата го зголеми приходот во третиот квартал за пет проценти, на 11,78 милијарди франци (9,8 милијарди евра), што е значително повеќе од просечната прогноза на економистите (11,57 милијарди франци), пренесува Ројтерс.

„Roche“ за тековната година потврди дека очекува раст на приходите од еден до пет проценти.

Швајцарскиот весник „24 часа“ наведува дека „Roche“ во девет месеци од оваа година не ги зголемил приходите, туку дека тие останале на ниво од истиот период минатата година, односно на 34,76 милијарди франци.

Меѓутоа, во локалните девизи, приходите во периодот јануари-септември сепак се зголемени, и тоа за пет проценти, на годишно ниво, најмногу благодарение на лековите од онкологија и растот во сегментот дијагностика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП