18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОва е досега најголемата промена во Италија

Ова е досега најголемата промена во Италија

italija1

Италијанската влада на само неколку саати пред истекот на рокот кој го постави Европската унија го усвои буџетот за 2015 година.

Владата најави намалување на даноците за 18 милијарди евра и исполнување на прописите поврзани за буџетскиот дефицит.

„Намалувањето на даноците е најголемиот чекор кој некогаш е преземен во историјата на Република Италија“, изјави италијанскиот премиер Матео Ренци на конференцијата за новинарите, по изгласувањето на буџетот кој најпрво ќе се најде под лупата на Европската комисија, а потоа и пред италијанскиот парламент, пренесува агенцијата Франс прес,

„Овој буџет е голема, голема, голема промена“, изјави Ренци, истакнувајќи дека во центарот на програмата од 18 милијарди евра е тешкото намалување на даноците за претпријатијата и поединците со ниски приходи, бидејќи даноците, како што истакна тој „достигнале ненормално ниво“.

Со усвоениот буџет, исто така, предвидено е и намалување на јавната потрошувачка за 15 милијарди евра, додека од борбата против даночното затајување Италија би требало да собере 3,8 милијарди евра.

Покрај тоа, буџетот за 2015 година предвидува и дополнително задолжување од 11 милијарди долари, детал кој би можел да ја загрижи Комисијата.

Ренци порача дека Италија ќе ја испочитува границата за буџетскиот дефицит на ЕУ од три проценти, како и дека е подготвена да ги исполни условите на Брисел кој бараше намалување на дефицитот за 0,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП