24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалена прогнозата за економскиот раст на Швајцарија

Намалена прогнозата за економскиот раст на Швајцарија

shvajcarija53v454gr

Швајцарскиот секретаријат за економија (SECO) ја ревидираше надолу прогнозата за економскиот раст за тековната и наредната година, сметајки во иднина на 1,8 и 2,4 проценти од бруто домашниот производ.

Во прогнозата од јуни оваа година „SECO“ објави дека за 2014 година предвидува раст од 2,0 проценти на бруто домашниот производ, а за наредната година 2,6 проценти, пренесува швајцарскиот весник „24 часа“.

Во соопштението се наведува дека за намалување на прогнозата за економскиот раст на Швајцарија „SECO“ се одлучил поради геополитичките потреси, особено кризата во Украина, тензиите на Блискиот исток, како и несигурното закрепнување на еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП