25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCarrefour најдобро работи дома

Carrefour најдобро работи дома

carffour

Најголемиот француски дистрибутер и втор во светот, компанијата „Carrefour“ во третиот квартал го забави растот, но оствари стабилни приходи во Франција.

Продажбата на глобално ниво вредеше 21.08 милијарди евра, што е пад од 0.1 проценти во однос на истиот период една година претходно, иако тоа воедно е и раст од 2.8 проценти, кога ќе се исклучи валутниот ефект и ефектот на календарот.

Аналитичарите во просек предвидоа приходи од 21 милијарда евра во третиот квартал од тековната година.

Во Франција, каде компанијата остварува 40 отсто од приходите, продажбата беше стабилна (+0,2 проценти), со ограничен пад од 0,2 отсто во хипермаркетите.

Што се однесува до регионалната продажба, во соопштението се наведува дека резултатите се мешани, на пример, продажбата во Шпанија и Италија во споменатиот период забележа пад од 1,2 и 4,8 проценти, додека во Бразил е зголемена за 7,7 отсто.

За цела 2014-та година, менаџментот предвидува дека оперативниот профит ќе изнесува околу 2,38 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП