28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗголемени приходите на Danone за 6,9 проценти

Зголемени приходите на Danone за 6,9 проценти

danone_logo19fr34rfewg

Мултинационалната прехрамбена компанија „Danone“, со седиште во Франција, во третиот квартал оствари подобри приходи од очекуваните благодарение на растот на активностите во секторот за детска храна во Азија, како и добрите резултати на пазарите во Европа, Русија и САД.

Во извештајниот период „Danone“ забележал приходи од 5,416 милијарди евра, со раст од 6,9 проценти на годишно ниво, додека аналитичарите просечно предвидуваа приходи од 5,375 милијарди, пренесува Ројтерс.

И покрај комплицираното политичко и економско опкружување, особено кризата во Украина, „Danone“ оствари раст во речиси сите сегменти со негативен валутен ефект (аргентинскиот пезос, руската рубља и индонезиската рупија) кој приходите ги намали за 3,7 проценти, наведуваат во соопштението.

Во сегментот за млеко и млечни производи стапката на раст била 0,7 проценти, нешто помала од очекуваните 1,1 проценти, поради количинскиот пад на продажбата од 7,1 проценти кој сепак е компензиран со вредносниот раст од 7,8 проценти, се вели во соопштението.

Најсилна продажба е забележана во сегментот за детска храна, со раст од 19,2 проценти во третиот квартал, по падот од 9,2 проценти во претходниот квартал.

За цела 2014 година „Danone“ предвидува раст на приходите од 4,5 до 5,5 проценти, со стабилна оперативна маржа и слободна готовина од близу 1,5 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП