20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБугарија: Пораст на странските инвестиции

Бугарија: Пораст на странските инвестиции

bugarijaizvoz15

Во Бугарија странските инвестиции од јануари до август достигнаа 1,22 милијарди евра, што е за четири проценти повеќе отколку во истиот период минатата година, кога странските инвестиции изнесуваа 1,17 милијарди евра, покажуваат податоците на Бугарската народна банка.

Странските инвестиции во август изнесувале 235,2 милиони евра или двојно повеќе во споредба со истиот месец во 2013 година.

Традиционално, најголемите инвестиции во Бугарија се од Холандија.

Од јануари до август од Холандија во Бугарија се инвестирани 402,5 милиони евра, од Австрија 242,8 милиони евра и од Русија 152,9 милиони евра.

Според податоците на Бугарската народна банка, инвестициите на бугарските компании во странство за осум месеци од оваа година изнесувале 227,8 милиони евра.

Во истиот период минатата година Бугарите во странство инвестирале 114,9 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП