26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПромоција на македонски вина во Њу Џерси

Промоција на македонски вина во Њу Џерси

vinari eueu

Шест винарии, Тиквеш, Сковин, Стоби, Бовин, Камник и Попова Кула, денеска во Њу Џерси заеднички ќе го промовираат најдоброто од македонската винска индустрија.

Винарите цела недела, со поддршка на здружението „Вина од Македонија“, престојуваат во САД, еден од пазарите со најголем потенцијал за македонското вино каде извозот секоја година повеќекратно расте. Завчера ги преставија своите производи во еден од елитните ресторани во Њујорк пред увозници, дистибутери, преставници на ХоРеКА сегментот, вински критичари, новинари и сомелиери.

Промовирањето на македонските вина финансиски го овозможи Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а организацијата ја помогнаа Конзулатот на РМ во Њујорк, како и екомоскиот промотор во Чикаго.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП