25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКонференција „Биодиверзитет на млеко“

Конференција „Биодиверзитет на млеко“

melkokravi6v4f64vb4f

Слоу фуд Македонија и Факултетот за земјоделски науки и храна денеска ја организираат конференцијата „Биодиверзитет на млеко“.

На агендата се три сесии со повеќе теми, традицијата и сточарството, автохтони млечни производи, локални видови и раси на домашни млекодајни животни, актуелни политики за зачувување на екстензивното сточарство во руралните средини, состојба и перспективи, заштита на географското потекло, пристап до пазарите и хигиенската регулатива за традиционалните производства на сирење,…

Ова е прв поголем настан на кој производителите, експертите, граѓанските организации и претставниците на институциите ќе дебатираат за актуелните прашања околу биодиверзитетот во сточарството, производството на млеко и преработката, малите семејни фарми и политиките кои го засегаат секторот. Целта е, не само да се поттикне дискусија, туку и да се понудат конкретни предлози за решавање на проблемите со кои се се соочуваат сите засегнати во синџирот „од храна до трпеза“, велат од Слоу фуд.

Според програмата, предвидено е одржување „работилница за вкус“ со дегустација и спарување на македонски сирења со вино, Салон на млечните вкусови и работилница за најмалите кои ќе научат како се прави сирење од млеко.

Организаторите најавуваат и проекција на документарниот филм „Бито, вечното сирење“, како и промоција на каталогот на македонски автохтони сирења и млечни производи што го изготви Слоу Фуд.

Конференцијата се одржува по повод Светскиот ден на храната, 16 Октомври, во рамки на кампањата „Да го зачуваме биодиверзитетот на млеко“ и проектот ЕССЕДРА, финансиран од ЕУ.

Затворањето ќе биде со закуска подготвена од готвачите на Слоу Фуд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП