24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВината од Македонија се промовираат во САД

Вината од Македонија се промовираат во САД

vino makedonija

Шест македонски винарии, Тиквеш, Сковин, Стоби, Бовин, Камник и Попова Кула, организирани преку здружението „Вина од Македонија“, оваа недела заеднички го промовираат најдоброто од земјава на пазарот во САД.

Вчера имаа можност да ги претстават своите производи во еден од елитните ресторани во Њујорк пред увозници, дистрибутери, претставници на ХоРеКА сегментот, вински критичари, новинари и сомелиери, а утре ќе се одржи уште еден промотивен настан во Њу Џерси.

На американскиот пазар, еден од оние со најголем потенцијал за македонското вино, извозот секоја година повеќекратно расте.

„Организацијата и повторувањето на роуд-шоуто од 2012 година со промотивни настани во Њујорк, Вашингтон и Чикаго е од особено значење за градење препознатливност на македонските вина на овој пазар, а со тоа обезбедување влез и поголем удел на пазарот. Целта на овие два промотивни настана е градење препознатливост на македонското вино пред американските професионалци за вино и американските потрошувачи и остварување контакт со потенцијални увозници и дистрибутери за поголем извоз“, соопшти здружението „Вина од Македонија“.

Финансиска поддршка за организација на овие настани обезбеди Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, но голема е улогата и на Конзулатот на РМ во Њујорк, како и на економскиот промотор во Чикаго.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП