Бруто домашниот производ (БДП) на Италија во првиот квартал од оваа година не зебележал пад како што тоа претходно беше соопштено, туку остана на стабилно ниво.
Така, Италија за влакно избегна рецесија во вториот квартал.
Заводот за статистика Истат во претходните прогнози соопшти дека во првиот квартал е забележан пад на БДП од 0,1 проценти по падот во претходниот квартал од 0,2 поценти.
Рецесијата се дефинира кога пад на БДП во два последователни квартали, потсетува Ројтерс.
Ревизијата на резултатите од првиот квартал е резултат на промената во метологијата во пресметувањето на економскиот раст на ниво на ЕУ, која би требало да има позитивни резултати на овогодинешниот БДП и да овозможи поголем маневарски простор со цел буџетскиот дефицит да се одржи под границата од три проценти.
На годишно ниво, намалувањето на БДП во првиот квартал е ревидирано на 0,3 наместо на 0,4 проценти, додека падот во вториот квартал по ревизијата изнесува 0,3 наместо 0,2 проценти.
Новата методологија ESA 2010 (Европски систем за национални и регионални пресметки) ја модифицира пресметката на трошоците за истражување и одбрана, а прв пат ја вклучува и заработката на илегалните пазари како што е шверцот на дрога, цигарите, алкохолот и проституцијата.