10 ноември, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПониски продажните цени на производителите на индустриски производи

Пониски продажните цени на производителите на индустриски производи

proizvodstvo industrisko 2334

Продажните цени на производителите на индустриски производи во август годинава се пониски за 0,6 отсто на месечно ниво и за 1,7 проценти на годишно ниво.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во август годинава во споредба со претходниот месец продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 0,8 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2,6, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 1 отсто.

Во споредба со август 2013 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 6,3 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5,7 проценти, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 2,9 отсто.

Продажните цени на производителите на индустриски производи, пак, на странските пазари во август годинава се пониски за 1,5 отсто на месечно ниво, а за 4 проценти на годишно ниво.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во август годинава во споредба со претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 1,2 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 1,8 проценти. Во споредба со август лани, продажните цени се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 4,2 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија пониски за 4,9 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП