19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМожностите за бизнис во Македонија претставени во Полска

Можностите за бизнис во Македонија претставени во Полска

peshevskimaknf;chhu3p8t

Полски компании од различни области покажаа интерес за можностите за инвестирање во Македонија и соработка со македонски компании од повеќе индустрии, на бизнис форумот и економската презентација на Македонија, што се одржува денеска во Варшава.

На бизнис форумот, организиран со полската Агенција за информации и инвестиции, се обратија македонскиот вицепремиер за економски прашања Владимир Пешевски и вицепремиерот и министер за економија на Полска Јануш Пехочински. Пред бизнис заедницата во Варшава Пешевски и заменик директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Климент Шеќеровски, ги презентираа условите за инвестирање и водење бизнис во Македонија.

Пешевски во обраќање ја потенцирал отвореноста на македонската Влада кон странските инвеститори и бизниси, нагласувајќи ги досегашните реформи преземени во насока на подобрувањето на условите за инвестирање и водење бизнис во нашата држава, соопшти кабинетот на вицепремиерот Пешевски.

„Македонскиот економски тим одржа и директни средби со високи претставници на поголемите полски компании кои се занимаваат со бизниси од областа на автомобилската индустрија, производство на разни видови електрични уреди и кабли, кујнски производи, производство на вагони, локомотиви и трамваи, земјоделска механизација, рударска механизација, компании кои се занимаваат со пренос на гас и обновливи извори на енергија и слично. Сите овие компании покажаа интерес за можностите за инвестирање во Република Македонија и соработка со македонски компании од повеќе индустрии“, соопшти Кабинетот на вицепремиерот Пешевски.

На работна средба со вицепремиерот Пехочински, Пешевски разговарал за билатерланата еконоска соработка помеѓу двете држави.

„Соговорниците со задоволство ги поздравија билатералните односи помеѓу двете земји, повеќегодишното пријателство одбележано со динамична успешна соработка и изразија желби за понатамошен поттик за промоција на инвестициите, економската соработка помеѓу двете земји и зголемување на трговската размена“, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП