20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен прометот во индустријата

Зголемен прометот во индустријата

industrisko proizvodstvo

Прометот во индустријата во август годинава е зголемен за 17,9 отсто во споредба со истиот месец од минатата година. Прометот во индустријата на домашниот пазар бележи опаѓање од 5,6 отсто, а на странски пазари има пораст од 28,7 проценти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, гледано по сектори, прометот во секторот Рударство и вадење на камен бележи опаѓање од 24,9 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија пораст од 20,5 проценти.

Според главните индустриски групи, пораст има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3,8 и Капитални производи за 81,3 отсто, додека опаѓање има кај Енергија за 51,4 проценти, Tрајни производи за широка потрошувачка за 5,1 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,5 проценти.

Прометот во индустријата во август годинава, во однос на претходниот месец е намален за 7,9 отсто, додека во првите шест месеци од годинава е поцвисок за 12,9 отсто во споредба со истиот период од лани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП