26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталијанска компанија ги разгледува можностите за инвестирање во Македонија

Италијанска компанија ги разгледува можностите за инвестирање во Македонија

investiranje makedonija

Сопственици на италијанска меѓународна компанија, која има над 10.000 вработени во Италија и Романија, деновиве беа во посета на Македонија со цел да ги разгледаат можностите за отварање на контакт центар.

Домаќин и организатор на посетата е министерот за странски инвестиции Џери Наумоф, а посетата е договорена на неговиот состанок со основачите на компанијата во јуни на бизнис патување во Италија.

„Сопствениците на компанијата се позитивно изненадени од поволната бизнис клима во Македонија. Компанијата ќе донесе вработување на млади факултетски образовани луѓе, со добри јазични вештини по италијански, германски и англиски јазик“, изјави Наумоф.

Тој посочи дека резултат од истото патување во Италија е официјалното отворање на канцеларијата во Скопје на претставник на Адвокатската фирма Студио Легале Алесандро и Франческо Дањино, која има свои канцеларии во Милано, Рим и Палермо. Канцеларијата во Македонија, која ќе им служи на италијански клиенти, веќе има неколку вработени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП