24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПаѓаат цените, Кина загрижена

Паѓаат цените, Кина загрижена

kinaekonomijajachina545b74t

Инфлацијата во Кина забави и во септември и се намали на 1,6 проценти, што е најмала стапка за петте последни години, покажуваат денес објавените официјални податоци.

Инфлацијата која во јуни и јули изнесуваше 2,3 проценти на годишно ниво, во август се намали на два проценти.

Забавувањето на растот на потрошувачките цени, што е главно мерило за инфлацијата во Кина, е поголемо од очекувањето на аналитичарите.

Аналитичарите уште во пролетта предупредуваа на опасноста од дефлација, поради забавувањето на растот на втората по големина економија во светот и слабата домашна побарувачка.

Во 2013 година растот на цените во Кина се задржа на ниво од 2,6 проценти.

Растот на цените сега е далеку под годишниот максимум од 3,5 проценти кој во март го одреди Пекинг, за да се запре скокот на цените и да се спречи социјалното незадоволство.

Според наводите на Националната канцеларија за статистика, падот на инфлацјата е главно последица на силното забавување на растот на цените на храната, кои пораснале за 2,3 проценти на годишно ниво во септември, додека во август пораснале значително помалку од три проценти, а за 3,6 проценти во јули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП