24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа еврозоната сега е загрижен целиот свет

За еврозоната сега е загрижен целиот свет

1032270496543e1bd543a15216044128_640x423

Индустриското производство во еврозоната е намалено во август за 1,8 проценти, што е најновиот показател дека рецесијата би можела да се врати во овој блок.

Таквиот пад на производството е резултат за намалувањето на производството на инвестициска стока за 4,8 проценти и падот на производството на полуготови производи.

Во цела Европска унија индустриското производство во август се намали за 1,4 проценти во однос на претходниот месец поради намалувањето на производството на инвестициските стоки за 4,3 проценти, според последните официјални податоци, пренесува агенцијата Франс прес.

„Податоците за август за индустриското производство во еврозоната и индексот на доверба на инвеститорите во Германија го зголемуваат ризикот од влез на еврозоната во трета рецесија за последните шест години“, изјави економистот од компанијата „“, Џенифер Мекјуон.

Ваквата состојба во еврозоната стана голем извор на загриженост во целиот свет, па така Меѓународниот монетарен фонд и други економски играчи минатата недела ги повикаа европските законодавци да преземат сериозни акции за одржување на стагнирачкиот раст.

Економијата на еврозоната во вториот квартал регистрираше нула раст, а сите погледи во моментов се вперени во првата проценка на растот на БДП во третиот квартал најавен за крајот на овој месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП