Грејната сезона почнува од денеска за граѓаните кои секоја година имаат дилема кога станува збор за изборот на греење. Дали да ги затоплуваат нивните домови на дрва, грејни тела или клима уреди. Македонците постојано се во потрага по најевтиното и најефикасно греење и се трудат оваа потреба да не удри драстично врз нивниот џеб како и да не го оптовари дополнително нивниот буџет.
„Од минатата година изборот во нашиот дом е инвертер клима уред и тоа со енергетска ефикасност, што придонесува во намалување на потрошувачката на електрична енергија. Така што, нашето решение е поевтино и побрзо затоплување на домот со енергетско ефикасна клима“, вели жител од населбата Аеродром.
Последниве години се поголем е трендот да се користат апарати со енергетска ефикасност со што се намалува потрошувачката на електрична енергија. Кај клима уредите енергетската ефикасност се одредува преку односот помеѓу добиената топлина и потрошената електрична енергија.
Во однос на алтернативите за греење, останатите граѓани кои ги прашавме одговорија дека се греат комбинирано, дел со грејни тела и клима уреди, но и дел на дрва. Според експертите, греењето со дрва најмногу ја загадува околината. Рационалното размислување сѐ повеќе ги тера граѓаните да изберат греење со клима уреди, затоа што на тој начин најбрзо го стоплуваат домот со прилагодена и посакувана висина на температурата. Затоплувањето со клима е погодно и во однос на периодот од денот за оние семејства кои се отсутни од домот сѐ до вечерните часови.
Од продавниците за бела техника велат дека затоплувањето со инвертер клима уреди е се почесто и дека граѓаните полека ги откриваат предностите на ваквиот начин на затоплување.
„Со цел да им помогнеме во изборот на граѓаните за најдобро и најсоодветно решение за затоплување, Техномаркет денеска ја стартуваше акцијата што ќе им овозможи поголема заштеда на електрична енергија и истовремено ефикасно затоплување на домот. Им нудиме бесплатна монтажа на енергетско ефикасните LG клима уреди, со кои ќе добиваат пониски сметки за струја, акција што ќе трае еден месец“, изјави Марија Ристовска, маркетинг менаџер во Техномаркет.
Од страна на граѓаните интересот за инвертер клима уредите се повеќе расте поради бенефициите од истите. На нив гледаат како долготрајна инвестиција затоа што подлежат под гаранција од страна на продавниците за бела техника и затоа што претставуваат производи кои може да се користат во текот на целата година зависно од потребите.