25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЗошто не треба да користите Фејсбук на работа

Зошто не треба да користите Фејсбук на работа

womanFB_1815093c

Приватниот живот, по правило, секогаш треба да е одвоен од работата, па затоа ви наведуваме неколку причини зошто не е паметно да користите Фејсбук на работното место.

Користењето на Фејсубк значи дека не ја работите својата работа

Ако се зафатени со проверување на новостите, гледање слики или прикачување на некои нешта на вашиот профит, тоа многу јасно покажува дека не го работите она за што сте платени, туку го трошите тоа време на нешто друго. Поради ова не само што ризикувате да го загубите стекнатото почитување, туку и приликата за унапредување или зголемување на платата.

Некои аспекти од вашиот живот треба да ги сокриете од колегите

Иако сметате дека вашите колеги се и ваши пријатели и пријатно ви е во нивна близина, мора да сфатите дека тоа се луѓе со кои работите. Она што ќе го видат на вашиот профил најверојатно ќе го споделат со остатокот колеги. Веруваме дека навистина не сакате вашиот шеф да ги гледа вашите слики од одморот или синоќешната журка.

Многу работодавци ги следат компјутерите на вработените

Ова особено важи за канцелариските работи. Ако употребата на Фејсбук е забранета, нема добро да поминете кога на вашиот шеф или на директорот за човечки ресурси ќе мора да му објасните зошто било поважно да користите Фејсбук отколку да работите.

Многу лесно можете да се занесете и да загубите многу време

На некои работни места е дозволено да се користат социјалните мрежи, но имајте во предвид дека можете да се занесете и лесно да загубите прмногу време на нив. Скапоценото време кое сте го поминале на Фејсбук може да биде многу попаметно потрошено на завршување на работата и започнатите проекти.

Многу компании ќе го прегледаат вашиот Фејсбук профил пред да ве вработат…

… а ова може да продолжи дури и кога ќе ја добиете работата. На тој начин вашиот шеф многу добро ќе знае дали времето предвидено за работа сте си го поминале во забава, а ако сте го направиле тоа, нема да оставите добар впечаток.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП