26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIliad се откажа од обидот за купување на T-Mobile US

Iliad се откажа од обидот за купување на T-Mobile US

the mobile

Францускиот нискотарифен телекомуникациски оператор „Iliad“ се откажа од обидот за купување на „T-Mobile US“, а причината за тоа е отпорот на германски „Deutsche Telekom“, кој е мнозински сопственик на американската компанија.

Компанијата од Франција стана третиот кандидат кој во изминативе години се откажуваше од аквизицијата на овој оператор од САД.

Во „Iliad“ ваквата одлука ја донесоа три месеци откако американската компанија „Sprint“ ја повлече својата понуда за купување на „T-Mobile“.

Според извори блиски до „Deutsche Telekom“, германците одлучиле да ја задржат својата американска филијала уште некое време, затоа што не се уверени дека „Iliad“ може да ја води целата работа подобро од актуелното раководство.

„T-Mobile US“ и „Deutsche Telekom“, кој е сопственик на 66 проценти на американското работење, одбија да ја коментираат оваа информација.

„Deutsche Telekom“, кој реализира скоро третина од продажбата на американскиот пазар, се обидува од крајот на 2011-та година веќе два пати да го продаде „T-Mobile“, затоа што смета дека се премногу мали за на пазарот да им конкурираат на лидерите, како на пример „Verizon Communications“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП