2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗакрепна економијата на Сингапур

Закрепна економијата на Сингапур

singapur

Економијата на Сингапур во периодот јули-септември се врати на патот на растот благодарение на забрзувањето на клучниот производствен сектор, со што направи пресврт во однос на забавувањето од претходните три месеци, соопшти владата во таа земја.

Во споредба со вториот квартал, бруто домашниот производ (БДП) на Сингапур во третиот квартал порасна за 2,4 проценти на сезонски прилагодената годишна база, додека во три месеци заклучно со јуни се намали за 0,1 проценти, се наведува во соопштението на сингапурското Министерство за трговија, пренесува агенцијата Франс прес.

Производствениот сектор, како мотор на сингапурската економија, порасна во третиот квартал за 1,2 проценти на квартално ниво, бидејќи глобалната побарувачка за сингапурските електронски производи забрза. Тоа е значително подобро во однос на забавувањето на производствениот сектор од 15,1 проценти во претходните три месеци.

Сингапурската влада очекува дека економијата на оваа земја во оваа година ќе остави раст помеѓу 2,5 и 3,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП