28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛуксембург ќе ја укине тајноста на банкарските податоци

Луксембург ќе ја укине тајноста на банкарските податоци

luksemburg1

Властите во Луксембург прифатија од 2017 година да ја укинат тајноста на банкарските податоци под притисок на Германија и САД во борбата против даночното затајување.

Луксембург, чии банки имаат депозити десет пати поголеми од бруто домашниот производ на земјата, соопштија дека ја прифаќаат меѓународната регулатива за автоматска размена на податоци. Според оваа регулатива, жителите на Европската унија не можат да сокријат дел од своето богатство во банките на Луксембург, како што тоа некои го прават.

Властите оваа одлука ја соопштија по состанокот на министрите за финансии на ЕУ, одржан во понеделникот во Луксембург.

Италијанскиот министер за финансии Пјер Карло Падоан ја поздрави одлуката на Луксембург сметајќи дека тоа е пресвртница во борбата против даночното затајување.

Австрија сега е единствената земја на ЕУ која на своите граѓани им дозволува да отворат банкарски сметки во друга држава, а тоа да не мораат да го пријават во австриската даночна управа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП