19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCitigroup напушта 11 пазари

Citigroup напушта 11 пазари

N

Американската банка „Citigroup“ оствари раст на заработката и приходите. Банката планира да се повлече од комерцијалното банкарство од 11 пазари, вклучувајќи ја и Јапонија.

Профитот на банката е зголемен за 6,6 проценти на годишно ниво на 3,4 милијади долари, додека приходите се зголемени за 9,5 проценти на 19,6 милијарди, со оглед на големата добивка во комерцијалното и инвестициско банкарство на глобално ниво, како и во областа на корпоративното кредитирање, пренесува Франс прес.

„Citigroup“ наведува дека ќе се повлече од комерцијалното банкарство на 11 пазари на кои остварува слаби резултати, додавајќи дека тие пазари сочинуваат помалку од пет проценти од вкупните приходи на компанијата во таа област.

Пазарите од кои таа банка ќе се повлече се Костарика, Чешка, Египет, Салвадор, Гвам, Гватемала, Унгарија, Јапонија, Никарагва, Панама и Перу.

По ваквиот потег, „Citigroup“ во областа на комерцијалното банкарство ќе работи на 24 пазари на кои услужува речиси 57 милиони клиенти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП