25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБензинските станици во земјава 24 часа ќе можат да служат храна

Бензинските станици во земјава 24 часа ќе можат да служат храна

benzinski pumpi hrana

Министерството за економија најави измени во Законот за угостителство. Заменик министерот за економија Христијан Делев при денешната посета на градот Штип соопшти дека денеска до Собранитето на Република Македонија се доставени измените во Законот за угостителство, направени на барање на угостителите и сопствениците на бензинските пумпи, кои имаат објекти на магистралните патни правци.

„Тие до сега беа регулирани да работат 24 часа, само во делот на точење бензин и некои основни продукти кои што се продаваа на самите бензински. Сега се градат нови модерни бензински станици каде освен овие основни продукти се служи и храна и сопствениците бараат да се работи 24 часа, посебно во делот на угостителството, каде може да се сервираат и некои оброци“, рече Делев.

Тој посочи дека Владата ја увиде потребата на сопствениците на бензинските станици и реши да им излезе во пресрет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП