25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧичарито нема да се врати на „Олд Трафорд“

Чичарито нема да се врати на „Олд Трафорд“

cicarito se

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Хавиер Ернандез-Чичарито, кој оваа сезона игра како позајмен во Реал Мадрид, нема да се врати на „Олд Трафорд“ во текот на летото, тврдат медиумите во Шпанија.

26-годишниот напаѓач премина во европскиот шампион во последниот ден од трансфер прозорецот, откако „црвените ѓаволи“ го зедоа Радамел Фалкао како позајмен играч од Монако.

Во присуство на Фалкао, Вејн Руни и Робин ван Перси, Ернандес стана излишен во составот на Луис ван Гал. Холанѓанецот нема намера да смета и во иднина на Мексиканецот, кој не добиваше шанса за игра и кај Дејвид Мојс.

Јунајтед го купи Ернандес од Гвадалахара во 2010-та година. Тој постигна 59 гола во 154 натпревари во дресот на „црвените ѓаволи“.

Според „Daily Express“ интерес кон него пројавуваат Тотенхем, Рома и Баерн Минхен. Реал, пак, има опција да го привлече со постојан трансфер во текот на летото.

Досега тој не успева да се справи со Карим Бензема за првотимското место во составот на Карло Анчелоти.

Мексиканецот запиша три натпревари во Примера дивизион, а и во трите влезе како резерва во второто полувреме. Тој, сепак успеа да ја отвори гол-сметката кај „белите“, откако постигна два погодоци на гостувањето кај Ла Коруња (8:2).

На “Олд Трафорд” се надеваат дека Eрнандез ќе успее да одигра силни натпревари оваа сезона, за да може да се подигне неговата цената за следното лето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП