19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтворен 40. Меѓународен саем Технома

Отворен 40. Меѓународен саем Технома

tehnoma saem 349

Домашни и странски компании од денеска ги претставуваат своите најнови технолошки достигнувања, како и проекти за енергетска ефикасност и иновации, на Меѓународниот саем на металургија, електроника, енергетика, неметали, градежништво, обезбедување и заштита – Технома 2014, што се одржува на Скопски саем.

„Технолошкиот напредок е она што го движи напред економскиот раст, кој што овозможува зголемување на ресурсите и енергетската ефикасност и одржливи модели на производство и потрошувачка“, рече на отворањето на јубилејната 40. саемска манифестација Даниела Глигорова, извршен директор на Скопски саем.

Според Глигорова, и покрај нејзината значителна возраст Технома е се уште во потрага по нови форми и содржини и има своја посебна улога во промоција на индустријата во државава и поширокиот регион, носејќи нов бран на меѓурегионален развој.

Во фокусот на Технома и годинава е енергетиката, а организирани национални претставувања на свои штандови имаат 15 компании од Унгарија и девет од Австрија. Истовремено со Технома се одржуваат и Третата специјализирана саемска манифестација Транспорт и логистика, 15. Меѓународен саем на занаетчиство и мало стопанство и 35. Меѓународна изложба на иновации – Макинова.

Комората на занаетчии од Скопје ги претставува компаниите кои се занимаваат со проблемите на обновливи извори на енергија, особено во делот за искористување соларна енергија. На изложбата на пронајдоци македонските иноватори се претставаат со 76 иновативни решенија од различни области. Се претставуават и 20 иновативни решенија на автори од асоцијации од БиХ, Србија, Хрватска и Бугарија.

Во тек на четиридневните саемски манифестации ќе се одржат и повеќе поединечни презентации и информативни и едукативни работилници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП