27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрвите решенија за отпис на долговите до крајот на месецов

Првите решенија за отпис на долговите до крајот на месецов

dimespasovdimet

Првите решенија за еднократен отпис на долгови се очекува кон крајот на месецов, во последната недела од октомври, соопшти денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Одговорајќи на новинарски прашања пред почетокот на денешниот прв Саем за вработување, Спасов рече дека заклучно со вчера се поднесени 41.817 барања за отпис на долговите.

„Може да пристигнат во меѓувреме и други барања пратени по пошта, но ова е финалната бројка, потврдена вчера до 18 часот до кога беше последниот рок за поднесувања барања за отпис на долговите“, нагласи Спасов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП