Од лабораториите на германскиот бренд за медицинска козметика Еуцерин, оваа есен ни пристигна новата Еуцерин линија за нега на чувствителна и хиперчувствителна кожа Еуцерин UltraSENSITIVE и AntiREDNESS.
Пред поголем број на медиуми и доктори дерматолози презентација за правилната нега на чувствителната кожа одржи д-р Соња Петрушеска специјалист – дерматовенеролог и стручен соработник за Еуцерин.
Таа истакна дека е се поголем бројот на луѓе кои имаат чувствителна и уште полошо хипер-чувствителна кожа (црвенило или розацеа), кои се жалат на чешање, јадеж, вжареност и црвенило на кожата, симптоми кои се добиваат кога се ослабени одбранбените способности на кожата и тоа најчесто како реакција на стрес и зголемена чувствителност на сензитивните нерви во кожата кои создаваат ниско ниво на отпорност. Розацеа е хронично инфламаторно заболување кое зафаќа повеќе од 10% од возрасната популација, најчесто се јавува кај индивидуи со светол тен, а жените се позасегнати од мажите.
„Сепак, преосетливата кожа не треба да биде товар – кога користиме соодветна козметика за нега на кожата симптомите може да се смират“, истакна д-р Соња.
Еуцерин UltraSENSITIVE е совршен сојузник за оние кои страдаат од преосетлива кожа на лицето, со придружните симптоми како што се печење и воспаление. Производот ја содржи активната состојка SymSitive, која е специјално создадена за потребите на преосетливата кожа и има моќ веднаш да ја смири. Кога се користи редовно во текот на еден период, производот ја оптимизира самозаштитата на кожата, па дури и ја зајакнува кожата од нетолеранција и хиперчувствителност. Eucerin® AntiREDNESS е со SPF25 и UVA заштита и е совршен избор за пациентите кои страдаат од преосетлива кожа и во исто време од црвенило, односно розацеа. Како додаток на основната состојка SymSitive, Eucerin® AntiREDNESS содржи и Глицирхетинска киселина, растителен Ликохалкон А и хидратирачки глицерин кои ефективно и брзо ја смируваат вцрвенетата кожа. Заедно со овие активни состојки, производот содржи и зелени пигменти – кои инстанто го покриваат црвенилото и го изедначуваат тенот. Овие производи се ослободени од конзерванси, парабени, парафини, алкохол, мириси, додатоци за боја и емулгатори.
Луѓето со чувствителна кожа треба да ги избегнуваат обичните козметички производи против стареење на кожата, оние кои содржат витамин А и кои неретко знаат да предизвикаат иритација. Исто така облека од синтетички материјали, како и ново купена облека која содржи формалдехид и знае да создаде иритација и црвенило. Поради тоа треба да се внимава на изборот на материјал, и секогаш новата облека да се испере и испегла пред да се облече. Луѓето со осетлива кожа треба да бидат внимателни, каква гардероба носат, што јадат, каде го поминуваат времето, и пред се каква козметика користат. Во било кој период од денот треба да се избегнуваат производи кои содржат алкохол и други хемиски додатоци, и да се намали дејството на стрес хормонот-адреналинот кој го оштетува генетскиот материјал во клетките на кожата и предизвикува предвремено стареење.
Колекцијата се состои од:
- Eucerin® UltraSENSITIVE Cleansing Lotion, 100 ml
- Eucerin® UltraSENSITIVE Soothing Care Dry Skin, 50 ml
- Eucerin® UltraSENSITIVE Soothing Care Normal to Combination Skin, 50 ml
- Eucerin® AntiREDNESS Concealing Day Care и Soothing Care.
Кожата е огледало на здравјето, и токму затоа треба постојано да се грижиме за неа!