19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСуташ ќе ја намали невработеноста во Македонија преку стручна обука

Суташ ќе ја намали невработеноста во Македонија преку стручна обука

sutas-mlekarnica222

Претставниците на Министерството за труд и социјална политика на Македонија и УНДП (Програма за развој на Обединетите Нации) ја посетија фабриката на Суташ со цел да се запознаат со стручната обука што се спроведува таму, а која може да се примени како модел за намалување на невработеноста и во Македонија.

Тие ја поканија компанијата да ја развие истата едукативна програма и во земјава. По добиената покана од Министерството за труд и социјална политика, Суташ одлучи и во Македонија да отпочне со оваа едукативна програма, која бесплатно ја применува во сите региони каде што има производни погони.

Стручната обука на Суташ се очекува да биде потпомогната и од страна на Фондот за намалување на невработеноста, кој ЕЗ ќе ѝ го додели на Македонија, а ќе придонесе да се зголеми ефикасноста во производството на квалитетно млеко.

Едукативната програма на Суташ, која УНДП ја посочува како пример, во Турција се спроведува бесплатно и непрекинато, почнувајќи од 1998 година.

Од тогаш, па сѐ досега во едукативните центри со сертификати за стручна погодност се здобиле 16 илјади производители на млеко, а 26 илјади производители и претприемачи добиле бесплатни консултациски услуги од страна на Суташ.

Едукативната програма која ја применува Суташ во областите „Млечно сточарство“ и „Млечни технологии“ се состои од четиридневна теоретска и практична обука.

Оваа програма за обука на кадри од млечниот сектор, која Суташ ја реализира во соработка со Министерството за земјоделие и сточарство и универзитетите од Турција, е прв и единствен пример во турската индустрија на млечно производство.

Со неа производителите, претприемачите и учениците се обучуваат во областа на млечното сточарство, природното производство на храна и ефикасно производство на млеко.

Заменик претседателот на Управниот одбор на Суташ, г. Тарик Тезел, истакна дека моделот „Од трева до трпеза“ кој Суташ го применува во производство на млеко е гаранција на природниот вкус и квалитет.

„Едукативната програма која ја престставува сржта на моделот ’Од трева до трпеза‘ на Суташ, а која во скоро време ќе почнеме да ја применуваме и во Македонија, ќе придонесе да се зголеми ефикасноста и квалитетот во производството на сурово млеко. Обучувањето на стручни кадри за потребите на секторот ќе влијае и врз развојот на економската ситуација во Македонија и ќе го намали увозот на сурово млеко од странство. Со обучувањето на стручни кадри ќе се зголеми и вработеноста во областа на земјоделството и ќе се обезбеди непрекинат економски развој на земјата. Среќни сме што ќе ја започнеме едукативната програма на Суташ и во Македонија“, рече Тезел.

„Според истражувањето на независната истражувачка агенција „Sia-İnsight“, 69 проценти од производителите кои ја поминале бесплатната обука на Суташ успеале да го подобрат производството на млеко, додека 99 проценти од производителите изразиле желба за продолжување со обука во р амки н а оваа едукативна програма“, вели Тезел.

Стручната едукативна програма на Суташ во 2014 година доби две награди, за „Најдобар проект од општествен карактер“ на натпреварот за „Најдобра светска иновативна програма“ и за “Најдобар проект од општествен карактер во Европа“, доделена од страна на „Stevie International Business Awards“.

„Истиот успех со едукативната програма би сакале да го постигнеме и во Македонија“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП