26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКаде е најдобро да бидете пензионер?

Каде е најдобро да бидете пензионер?

penzioneri86vg46r4g4g4

Данска, Австралија и Холандија ги заземаа водечките места во класификацијата за 2013 година за квалитетот на пензискиот систем.

Тоа го покажува истражувањето на консултантската куќа „Mercer“ која ја зема во предвид одржливоста на пензискиот систем, прилагоденоста на потребите на корисникот и интегритетот, а опфатени беа 25 земји во светот, пренесува Ројтерс.

САД го заземаат 11-тото место, пред Франција, додека на крајот на листата се наоѓаат Кина, Индија, Јапонија и Јужна Кореја.

Францускиот весник „Капитал“ во врска со резултатите на оваа студија наведува дека Франција со индекс од 57,5 поени напредува во однос на претходната година и и припаѓа на категоријата Ц, со систем кој има позитивни аспекти, но и носи ризици кои треба да се имаат во предвид при неговите реформи.

Авторите на студијата, во врска со тоа, за Франција истакнаа дека ефиксноста и одржливоста на пензискиот систем може да се унапредат со зголемување на старосната граница за пензионерите и подобрувањето на вработувањата за стари лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП