25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКиев не дава пари сака прво гас

Киев не дава пари сака прво гас

Czech Republic Gas Storage

Украина не се согласи да плати дел од долгот пред обновувањето на испораката на рускиот гас, изјави министерот за енергетика на Русија, Александар Новак.

„Украинската страна сеуште не се согласи со рускиот став. Она до Европската комисија ја испрати својата варијанта – прво обновување на испораката, а потоа отплата на долгот“, нагласи министерот.

Новак додаде дека ставот на Русија за тоа прашање е непроменет.

„Дел од долгот треба да биде отплатен пред почетокот на испораката. Украинската страна не се согласи со тоа“.

Министерот потсети дека тоа прашање, покрај остантите, ќе се разгледува на 21. октомври на тројниот состанок на Русија, Украина и Европската унија.

Според Новак, местото за средба сеуште не е договорено. Можно е тоа да биде во Брисел или Берлин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП