18 септември, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSABMiller ги подигна цените и ги зголеми приходите

SABMiller ги подигна цените и ги зголеми приходите

sabmiller_latinoamerica_bogota_miami

Вториот по големина светски производител на пиво, британскиот „SABMiller“, кој е зад белгиско-бразилската компанија „AB InBev“, го зголеми полугодишниот приход за пет проценти. Зголемувањето на цените успеа да го компензира слабиот квантитативен раст соопштија од компанијата.

Во втората половина од фискалната 2014/2015 година, „SABMiller“ продал еден процент повеќе шишиња пиво, а со тоа растот на испораките во Латинска Aмерика, Африка и Европа е неутрализиран со падот на продажбата на азискиот и северноамериканскиот пазар, пренeсува Ројтерс.

Само во вториот квартал од оваа фискална година, приходите пораснале за три проценти, додека продадената количина е намалена за еден процент, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП