26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФТ: Приходите на британските директори 120 пати поголеми од платите на работниците

ФТ: Приходите на британските директори 120 пати поголеми од платите на работниците

direktori vb

Раководителите на британските компании минатата година заработиле 21 отсто повеќе отколку во 2012 година, додека во исто време просечната плата во Велика Британија едвај ја следела инфлацијата, пишува „Фајненшел тајмс“.

Извршните директори во некои од најголемите британски компании (сметајќи ги и добивките од акциите) сега добиваат 120 пати повеќе отколку работниците со полно работно време.

Во 2000 година таа разлика била 47 пати, покажуваат податоците на аналитичката компанија „Incomes Data Services“.

Растот првенствено е условен со зголемување на обемот на приходите од акциите. Така просечната плата на директорите се зголемила речиси 2,5 отсто, додека бонусите во исто време се зголемени 12 отсто, а профитот од акциите 44 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП