25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРА5 поинаки совети за успехот од жени кои успеале

5 поинаки совети за успехот од жени кои успеале

72168_profimedia0207032531_630x0

Во последно време се повеќе се зборува за силните и успешни жени. Затоа „Real Simple“ и „TIME“ организираа настан на кој се дискутираше за тоа што успехот им значи на жените. Некои од нив изговорија работи кои лесно можете да ги прифатите како совети и да ги примените на себе си.

Можете да имате се

„Многу пати сум слушнала на жените да им се каже „дека не можат да имаат се“. Ако имаат семејство и деца за кои треба да се грижат, не можат да бидат професионално остварени и обратно. Секоја жена треба да се потруди да најде начин да постигне се. Треба да пронајдеме начин на жените да им помогнеме да го направат она што го сакаат“ – изјави сенаторката Кристен Џилибренд.

По падот следи подем

„Кога не го добивав она што го сакав, се трудев да сфатам зошто и потоа добивав нешто подобро“, вели новинарката Тамрон Хол.

Соништата се добри, но преминот на дела е уште подобар

„Често ме прашуваа дали некогаш сум сонувала дека ќе бидам овде каде што сум денес. Секогаш одговарав дека не сум сонувала, бидејќи сум била зафатена со изградба и труд, чекор по чекор“, изјави американската политичарка Линда Макмахон.

Пронајдете ментор, па тогаш бидете му ментор на некого

„Секогаш постои некоја успешна жена која може да ви го даде вистинскиот совет кој ќе ви помогне“, изјави Кристен Џилибранд.

Немојте да бидете опседнати со тоа што го немате

„Кога ќе се навратам на своите дваесети, гледам дека сум била опседната со успехот. Го нарекував „карта за излез од пеколот“. Мислев „ако ја добијам оваа работа, па онаа работа, ќе бидам успешна“. А ако тоа беше мојата „карта за излез од пеколот“, јас немаше да ја добијам, бидејќи и пристапував со премногу анксиозност“, вели Кристен Андерсон Лопез, глумица и текстописец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП