2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКонференцијата за предизвиците на жената претприемач во руралната средина

Конференцијата за предизвиците на жената претприемач во руралната средина

ruralnazena53644

Во организација на Федерацијата на фармери на Македонија и Мрежата за рурален развој на Македонија денеска во Кочани ќе се одржи конференција на тема „Предизвиците на жената-претприемач во руралната средина“.

Целта на самиот настан е да се поттикне претприемништвото кај руралната жена и да се согледаат проблемите и предизвиците на овие маргинализирани групи кои ги имаат во руралните средини во делот на претприемништвото.

На Конференцијата „Предизвиците на жената – претприемач во руралната средина“ претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе имаат презентација на ИПАРД програмата.

На конференцијата поканети се жени–фармери, жени – претприемачи, но и претставници на научни, образовни и други институции кои соработуваат со руралното население.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП