30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗаврши гроздоберот во Тиквешијата, родот двојно помал од лани

Заврши гроздоберот во Тиквешијата, родот двојно помал од лани

grozje

Заврши бербата на грозјето од годинашниот род на лозјата во Тиквешко како најголем лозаровинарски регион во Македонија, информираше денеска Љупчо Аризанов, претседател на регионалниот Сојуз на лозари, Агротиквешија од Кавадарци.

Гроздоберот помина главно без проблеми. Мали проблеми имаше поради недоволната шеќерност кај одделни количини на грозје како последица на лошите временски услови кои ги имавме со чести врнежи од дожд оваа година. Како последица на лошото време имавме и помалку грозје, над 50 проценти помалку од лани. Договорените цени за килограм грозје главно се почитуваа со мали обиди за манипулации кои беа надминати, соопшти Аризанов.

Тој изрази задоволство и од извезените количини на грозје оваа година. најави дека податоците се сумираат и набрзо ќе се знаат точните бројки кои го карактеризираа гроздоберот оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП