19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемени продажните цени на производителите на индустриски производи

Зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи

industrijaind125488

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во септември годинава се повисоки за 0,2 отсто на месечно, а пониски за 1,3 проценти на годишно ниво.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со август 2014, продажните цени се повисоки во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,5 отсто и Енергија за 0,2, додека во групата Интермедијарни производи, освен енергија и во групата Трајни производи за широка потрошувачка, се останати на исто ниво.

Во споредба со септември 2013 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Капитални производи за 5,2 отсто, во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,2 и во групата Енергија за 1,4 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП