26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКомисијата за економски прашања ги одобри измените на Законот за енергетика

Комисијата за економски прашања ги одобри измените на Законот за енергетика

elektrichna555

Собраниската Комисија за економски прашања на денешната седница како матично тело го разгледа Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка и реши да го проследи на натамошна постапка.

Со измените на Законот, како што појасни заменик министерот за економија Христијан Делев, се предвидува одложување на целосната либерализација на пазарот за енергетика до 1 јули 2016 година, и потоа етапно спроведување во пет фази заклучно со 1 јули 2020 кога пазарот треба целосно да се либерализира.

Целта на измените на Законот е заштита на потрошувачите. Предлог мерките се многу внимателно направени врз основа на нашите анализи и пресметки кои покажаа дека доколку се спроведе предвидената целосна либерализација на пазарот на електрична енергија на 1 јануари 2015 година, цената на електричната енергија ќе се зголеми за најмалку 20 отсто, рече Делев.

Тој посочи дека со либерализацијата на пазарот се менува и формулата за пресметка на цената на електричната енергија, па, додаде, поскапувањето на електричната енергија би можело да биде и многу поголемо од првично предвидените 20 отсто.

Со измените се предвидува либерализацијата на пазаорт на електрична енергија да започне на 1 јули 2016 година за корисниците со потрошувачка од над 1.000 мегават часови годишно, на 1 јули 2017 за оние со потрошувачка од над 500 мегават часови, на 1 јули 2018 за потрошувачите со потрошувачка од над 100 мегава тчасови, на 1 јули 2019 со над 25 мегават часови годишно и на 1 јули 2020 година за сите останати потрошувачи и за над 600.000 домаќинства. Во меѓувреме ќе се инвестира во делот на нови извори во енергетиката, како и во делот на гасификацијата со цел да има поголем избор кога ќе заврши либерализацијата, рече Делев.

Тој посочи дека и во моментов Македонија е лидер во регионот и пошироко со степенот на либерализација на пазарот на електрична енергија кој заклучно со април годинава изнесува 44 отсто.

Македонија со либерализиарани 44 отсто од пазарот на електрична енергија е значајно подобра и од европскиот просек и има многу полиберализиран пазар од Бугарија, Романија, Хрватска и Словенија кои се членки на Европската унија. Од регионот најблиску до нас е Црна Гора со 23 отсто, додека во Косово и Украина либерализацијата воопшто не е почната, нагласи Делев.

Тој посочи дека одредени измени во Законот се предвидуваат и во областа на енергетската ефикасност и доделувањето лиценци за енергетски контролори.

Комисијата на денешната седница го разгледа и Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2014 година во делот на економијата и му предложи на Собранието да го разгледа Извештајот во целина.

Во Извештајот, посочи земеник министерот Делев, е констатиран напредок во сите шест области од економијата.

Генерално голем напредок е констатиран во делот на пораст на бруто домашниот производ, кој во првата половина од годинава изнесува 3,9 отсто и заедно со значителниот раст на странските директни инвестиции од 3,5 отсто ја прави Македонија лидер по економскиот раст во Европа, рече Делев.

Напредок, додаде, е забележан во областа на слободата на движење на стоките каде продолжува фазното намалување на тарифните бариери согласно агендата предвидена во меѓународните договори што ги има потпишано Македонија, прогрес има кај трговските друштва особено кај заштитата на малцинските акционери, евидентиран е прогрес кај заштитата на правата на потрошувачите, кај претпријатијата со фондот за иновации и во делот на туризмот со субвенционирањето на тур-операторите, во енергетиката и во надворешните однос во соработката со ЦЕФТА и СТО.

Во делот на енергетиката се истакнува дека сме лидер во регионот во областа на производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија, но се додава дека повеќе треба да се користат изворите на дрвна маса, што сметаме дека не е сооодветно поради заштитата на шумите и ќе побараме од Енергетската заедница корекција во овој дел, рече Делев.

Претседателот на Комисијата Љупчо Димовски истакна дека во делот на Извештајот што се однесува на економијата насекаде е констатиран напредок без разлика дали е окарактеризиран како мал, добар, значаен или оддреден напредок.

Европската комсија е шкрта на доделување на пофалби, но од мојата анализа на Извештајот може да констатирм дека напредок има во сите полиња од економијата, рече Димовски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП