18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЖан Тирол добитник на Нобеловата награда за економија

Жан Тирол добитник на Нобеловата награда за економија

1134264970543bb8ceb1249116591765_orig

Францускиот економист Жан Тирол ја доби Нобеловата награда за економија благодарение на неговиот труд и работата на истражувањето и регулацијата на пазарите во кои доминираат големите корпорации.

Тирол беше наречен „еден од најголемите и највлијателни живи економисти“, а неговиот придонес е опишан како клучен во борбата против картелизацијата и монополите.

Како што е наведено, работата на Тирол му помогнала на обичниот човек и потрошувачот и ги спречила „големите играчи“ да ги искористат останатите.

„На професорот на Универзитетот во Тулуз, Жан Тирол,  му се доделува награда поради работата на начините како да се уреди работењето на големите компании. Тој имаше голема улога во истражување на конкуренцијата и анализирањето на начинот на кој би требало регулаторните органи да ги контролираат големите компании, со што се заштитуваат потрошувачите од злоупотреба на монополот“, се наведува во објаснувањето на Шведската кралска академија на науките.

Тие додадоа дека економистите пред Тирол користеле исти основни принципи за сите економски гранки и секогаш ги применувале истите, едноставни правила на секој пазар.

„Тирол покажа дека таквите прописи во некои услови даваат резултати, но во други прават повеќе штета отколку корист“, се наведува во објаснувањето.

Тирол по доделувањето на наградата изјави дека неговата работа може да користи дури и да се контролира работењето на еден гигант како што е Google.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП