18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТехнома, Транспорт и логистика и Макинова од утре на Скопски саем

Технома, Транспорт и логистика и Макинова од утре на Скопски саем

Untitled

Околу 400 домашни и странски компании ќе се претстават на 40. издание на Меѓународниот саем на металургија, електроника, енергетика, неметали, градежништво, обезбедување и заштита – Технома 2014, што ќе се одржува од утре до 18 октомври на Скопски саем. Истовремено ќе бидат отворени и специјализираната саемска манифестација Транспорт и логистика, 15. Меѓународен саем на занаетчиство и мало стопанство и 35. Меѓународна изложба на иновации – Макинова.

Во фокусот на Технома 2014 година ќе биде енергетиката, а ќе бидат претставени најновите достигнувања во областа на технологијата и меѓународната размена. Најавени се организирани национални претставувања. На свои штандови ќе се претстават 15 компании од Унгарија и девет од Австрија.

Оваа меѓународна саемска манифестација секогаш му е потребна на стопанството, а за тоа говори фактот што целиот расположив простор на Скопски саем секоја година исполнува капацитет со површина од 12.000 метри квадратни. Потврда на меѓународниот карактер на Технома се учествата на компании од цела Европа и пошироко од светот, истакнуваат од Скопски саем.

Третото издание на Саемот за транспорт и логистика, пак, ќе обедини над 20-ина големи домашни и странски компании, пристаништа, железници, транспортни асоцијации, логистички центри, терминали и царински складишта, производители на транспортни возила и системи.

На внатрешен изложбен простор од 1.500 метри квадратни во Метрополис арената на Скопски саем ќе се претстават транспортни и логистички компании и асоцијации од Македонија, Германија, Австрија, Швајцарија, Шведска, Словенија, Грција и Албанија. Меѓу пријавените се Македонски железници Транспорт, албанското пристаниште Драч, шпедитерските и логистичките фирми „Фершпед“, Quehenberger Logistics, Blue Bell Maritime, MSC, Сигма логистик, Транслог, Викторија шпед. Од транспортните асоцијации се претставува СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ која и годинава е партнер на манифестацијата, а чии членки ќе изложуваат и самостојно. На надворешниот изложбен простор на површина од 700 метри квадратни е најавено претставување на импортерите на товарни возила Cargomax-Iveco, ДМ Транс, MAN Импортер Македонија и Олимпија Моторс.

На изложбата на пронајдоци, според најавите од Скопски саем, македонските иноватори ќе се претстават со 76 иновативни решенија од различни области. Ќе бидат претставени и 20 иновативни решенија на автори од асоцијации од БиХ, Србија, Хрватска и Бугарија.

Организатор е Сојузот на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања на Македонија. Ќе се одржат и работилници со едукативен и иформативен карактер за начините за заштита на идустриската сопственост, но и за можоста за финансирање на пронајдоците и иновациите на македонските иноватори од домашни фондови и за можностите за аплицирање на проекти во меѓународните фондови.

Комората на занаетчии од Скопје ќе ги претстави компаниите кои се занимават со проблемите на обновливи извори на енергија, особено во делот за искористување соларна енергија.

За вториот саемски ден во среда во 11 часот е најавена дебата на тема „Велосипедизмот како алтернативен начин на транспорт во урбаните средини-реалност или фикција“. Целта на дебатата е да се отворат прашања за реалните можности за менување на концептите за алтернативните начини на превоз во урбаните средини.

Отворањето на саемот е најавено за утре во 11 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП