26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКолку сте среќни на работното место?

Колку сте среќни на работното место?

uspeh1

Исто како и во приватниот живот, не постои само една причина која може да не направи среќни.

Кога се плашиме од најлошото, се спасуваме од лошото – В. Шекспир

Прво и најважно, колку е некој среќен зависи од структурата на неговата личност и карактерните особини. Личноста одредува која страна од животот ќе ја гледа. Дали во нашиот живот доминираат позитивната страна на љубовта, ентузијазмот, задоволство во малите нешта или пак доминира негативната страна во која се испреплетени анксиозност, стрес, напнатост, депресија, лоша волја, се зависи од нас самите. Конечно, нашиот генетски код одредува какви ќе бидеме.

 

Структурата на личноста е поважна за чувството на среќа, отколку опкружувањето во кое се наоѓа таа. Кога станува збор за опкружувањето на работа, научниците направија поделба на најзначајните:

1.Самоконтролaта – колку сме во можност да ја креираме работата, чувството на делување во одлуките.

2. Можноста за прогрес – можноста за напредување и стекнување на знаења и вештини.

3. Бизнис околина – колку сме оптоварени со работа, емоционалната состојба, како балансираме меѓу приватниот живот и работата.

4. Задоволството на работа – можност за нормална комуникација со колегите, плата и телесна сигурност.

5. Перцепцијата – начин на кој ја разбирате хиерархиската поделба и подршката од надредените.

6.Чувството на праведност – колку Ви е валоризирана работата.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП