24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинескиот извоз ги демантира прогнозите

Кинескиот извоз ги демантира прогнозите

kinagbety54

Кинеската трговија во септември порасна повеќе отколку што се очекуваше, со што се намалуваат стравувањата за уште поголемо забавување на втората светска економија.

Извозот изнесувал 214 милијарди долари, што е зголемување од 1,3 проценти во однос на истиот месец минатата година, додека увозот изнесувал 183 милијарди долари, или за 6,9 проценти повеќе.

Кинеските лидери се надеваат дека растот на извозот ќе помогне при стабилизацијата на вработувањата, додека се обидуваат да остварат раст врз основа на домашната потрошувачка.

Пекинг претходно оваа година примени органичени стимулативни мерки, бидејќи економскиот раст во првите три месеци се намали на 7,4 проценти, што е најниското ниво во последните две години. Растот незначително се поправи во вториот квартал, кога достигна 7,5 проценти.

Трговијата во септември исто така се поправи во однос на месец август, бидејќи извозот порасна за 2,6 проценти, а увозот за 15,2 проценти.

Кинескиот трговски дефицит во септември изнесувал 30,9 милијарди долари, што е значително помалку од рекордните 49,8 милијарди долари во август.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП