19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУште 15 дена за воведување фискални апарати со ГПРС уред

Уште 15 дена за воведување фискални апарати со ГПРС уред

kasa fiskale

На петнаесетина дена пред истекот на крајниот рок, 1.653 даночни обврзници успешно ја заокружија регистрацијата на 2.511 фискални системи на опрема со ГПРС уред, соопшти Управата за јавни приходи.

Обврска за воведување на фискален апарат со ГПРС уред најдоцна до 31 октомври 2014 година имаат 8.900 даночни обврзници чиј промет во претходната година надминува 10.000.000 денари, како и обврзниците кои вршат угостителска дејност и промет на нафтени деривати на мало (бензински пумпи).

Рокот за сите други даночни обврзници е до 31 јануари 2015 година.

Иако регистрацијата трае кратко (до 10 минути) и се врши електронски од страна на овластениот производител во моментот на набавка на фискалниот апарат, УЈП апелира обврзниците кои не ја почнале постапката тоа да го сторат веднаш и да не го чекаат последниот рок.

До крајот на октомври над 7 илјади обврзници треба да обезбедат фискален апарат со ГПРС уред што значи дека преку системот на УЈП на дневна основа треба да се регистрираат над 450 фискални апарати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП