10 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватска на дното на европската листа според бројот на купувачи преку Интернет

Хрватска на дното на европската листа според бројот на купувачи преку Интернет

croatia_eu333

Хрватска е на дното на европската листа, според бројот на граѓаните, кои купуваат преку Интернет.

Само 19 отсто од домашните корисници купуваат преку Интернет, а од друга страна 78 отсто од домашните корисници истражуваат на Интернет пред купувањето, покажува истражувањето на агенцијата Телум маркетинг.

Иако граѓаните на Хрватска и натаму се мошне внимателни при купувањето преку Интернет и и натаму се на дното на европската листа, сепак тој процент од година во година расте и денес достигна 19 отсто од вкупниот број корисници.

Од европските земји опфатени со истражувањето само Србија со 16 отсто и Бугарија со 18 отсто се пониско на листата од Хрватска.

На врвот на листата се наоѓа пазарот на Велика Британија, со високи 47 отсто Интернет купувачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар