29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗголемен бројот на патници во Swiss Airlines

Зголемен бројот на патници во Swiss Airlines

swissjnmhairlines

Швајцарската авиокомпанија „Swiss Airlines“ во првите девет месец од оваа година превезе малку повеќе од 12,31 милиони патници, со годишен раст од 0,9 проценти.

Бројот на летови од јануари до септември опадна за еден процент, на 109,740, додека на европската мрежа е намален за 1,5 проценти, прененесува весникот „20 минути“.

Што се однесува до интерконтиненталните летови, оваа компанија, која ја контролира германската компанија, „Lufthansa“, забележа раст од 2,9 проценти.

„Swiss Airlines“ во извештајниот период превезе 5,5 проценти повеќе стока по километар отколку во истиот период една година претходно, со стапка на пополнетост на капацитетите од 78,9 проценти (78 проценти во првите девет месеци од 2013 година). Само во септември, „Swiss Airlines“ услужил 1,46 милиони патници, што е раст од 4,4 проценти во однос на септември 2013 година.

На ниво на групацијата „Lufthansa“, која освен „Swiss Airlines“ го опфака и „Austrian Airlines“ и „Germanwings“, растот на бројот на патници изнесувал 1,7 проценти, на 81,15 милиони.

Во септември „Lufthansa“ превезла 10,28 милиони патници (+3,5 проценти), додека стапката на пополнетост на капацитетите е зголемена за 1,6 процентни поени, на 83,8 процент, благодарение на новите авиони со поголем број на седишта. Меѓутоа, бројот на летови е намален за 2,2 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП