Не секој може да си дозволи да има ваква кредитна картичка. Погледнете ги 10-те ексклузивни картички, кои се резервирани само за најбогатите и влијателни луѓе:
10. Црна „Brazilian MasterCard“ од „Santander Group“.
Треба да добиете покана за да си направите таква картичка. Со неа одат поволности како попусти за користење на јахта, 24 часа услуга, приоритет до ВИП салони на аеродроми и друго. Оваа карта е само за Латинска Америка и за клиенти на „Santander Group“.
9. „Merrill Accolades American Express“.
Пред оваа картичката се викала „Bank of America Accolades Card“. Ова е прва ваква картичка во САД. За оваа картичка треба да сте клиент на „Merrill Lynch Welth Management“. Годишната такса е 295 долари, но ако имате сметка од 250.000 долари, тоа нема да ви претставува проблем. Добивате хотелски попусти, 24 часа услуга и друго. Лимитот е 500.000 долари!
8. „NatWest Black MasterCard“.
Годишната такса е 395 долари. Лимитот на картичката е 1.5 милиони долари!
7. Црна „Citigroup Black Chairman Card“.
Само 5% од населението во светот има оваа картичка. Треба да сте член на приватното банкарство на „Citi“, за да ја имате. Годишната такса е 500 долари. И тука има 24 часа услуга, попусти за луксузни хотели, ВИП попусти.
6. „Visa Infinite“.
Ова е најпопуларната привилегирана кредитна картичка надвор од САД. Задолжително е потребно да имате барем 6 цифри сума на картичката. Таа е само за клиенти на „Priority Bank“ и тоа по покана.
5. „Coutts World Silk Card“.
Оваа картичка е само за луѓе со не помалку од 1 милион долари на својата сметка. Иматели на картичката се само тесен круг на луѓе, како Кралицата Елизабета, на пример. Со оваа картичка ќе користите привилегии, како да порачате сами во луксузни продавници и друго.
4. „Rewards Visa“.
Таа е единствената целосно бела картичка во светот. Годишната такса е 1.500 долари, а годишно треба да потрошите од неа барем 100.000 долари!
3. „Dubai First Royal MasterCard“.
Таа е позлатена по рабовите, а во центарот има дијамант. Оваа картичка нема лимит. Можете ли да замислите колку треба да сте богати, за да добиете таква.
2. „JPMorgan Chase Palladium“.
Таа е направена од паладиум и 23-каратно злато. Самата картичка има такса за издавање од 1000 долари (за изработка) и годишна такса за услуга од 595 долари.
1. „American Express Centurion Card“.
Оваа картичка е обвиткана во мистерија. Од „American Express“ не објавуваат какви се условите за да ја добиете. Некои факти сепак се знаат: треба да имате друга картичка „American Express Platinum“ од барем една година. Има почетна такса од 5.000 долари и годишна такса од 2.500 долари.