29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија ги зголемува златните резерви

Русија ги зголемува златните резерви

kipar-zlato

Русија нагло го зголеми откупот на злато на светскиот пазар и во последните пет месеци ги пополни златните резерви, пишува „Руски“ весник.

Според податоците на ММФ, вкупната количина на златни резерви во Русија на крајот на август изнесувала 1112,5 тони, што е за 77 тони повеќе отколку во јануари. Русија така ги надмина Кина и Швајцарија.

Повеќе златни резерви од Русија имаат само САД (8,100 тони), Германија (3,300 тони), Италија (2,450 тони) и Франција (2,435 тони).

Русија со откуп на злато се занимава веќе неколку години, започнувајќи од кризата во 2008 година, и сето тоа го прави без многу публицитет.

Весникот пишува дека 70 проценти од резервите на Русија се сочинети од долари и евра.

Според мислењето на експертите, со зголемувањето на уделот на златото во вкупните резерви, Банката на Русија го намалува уделот на американскиот долар и еврото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП