24 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНевработени и депресивни? Како да го промените тоа?

Невработени и депресивни? Како да го промените тоа?

jobless-unemployed-need-job-600x337

Истражувањата јасно го покажуваат она што сите го знаеме: ако некој сака да работи, а не наоѓа работа, лесно паѓа во депресија.

Што би било добро да правите? Излезете надвор, покажете ја позитивната енергија и работата ќе ве пронајде вас.

Координацијата со самиот себе е неопходна за успешна работа. Кога сте невработени, тоа би можело да ви биде еден од првите чекори. На што можете да поработите? Потсетете се на сите свои успеси и разберете што уште ве чека.

Проверете ги своите профили на социјалните мрежи

Фејсбук, Твитер, сите страници на кои имате профили, говорат за вас и ве претставуваат пред другите луѓе. Ќе разберете дека можат да ве ценат, а можеби ќе добиете инспирација да се јавите на некои од нив.

Поработете на оптимизмот

Со луѓето кои ви се блиски и важни бидете онакви како што се чувствувате, но со потенцијалниот работодавец обидете се да зрачите со оптимизам. Ако верувате дека брзо ќе пронајдете работа, ќе веруваат и луѓето околу вас.

Пронајдете некој поинаков начин за пробивање

Не е толку важно што работите, и не е задолжително веднаш да се вработите на посакуваната позиција, онаа за која долго време студиравте. Започнете од нешто помало и научете како чекор по чекор да напредувате. Иако е демотивирачки да работите за нула денари кога ви е навистина потребна работа, сфатете дека волонтирањето е многу попријатно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП